СООПШТЕНИЕ ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ
Општина Ресен по повод христијанскиот празник Водици (Богојавление), за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на светиот чин на осветување на водите на Преспанското езеро и положувањето на светиот крст, ќе обезбеди автобуски превоз на 19.01.2025 (Недела) во правец Ресен-Отешево–Ресен. Поаѓањето ќе биде во 10:30 часот од паркингот пред Кипер маркет, враќањето од Отешево е веднаш после завршувањето на свечената церемонија.