ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАНОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗА ПЕРИОД 2023-2027
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Прилеп (2023-2027).
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 23.04.2024 година во големата сала на Општина Прилеп, со почеток во 10 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Прилеп (2023-2027) до Општина Прилеп во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Прилеп (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk почнувајќи од 21.03.2024 год. до 23.04.2024 год.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози и истите можете да ги испраќате на е-маил: t.stojanoska1980@gmail.com , или по пошта на следната адреса: Општина Прилеп, ул. ,,Прилепски бранители’ бр.1 Прилеп, стои во објавата на веб страната на општина Прилеп.