ИЗЛОЖБАТА ЗА „ЧЕНТО“ НА ПЛОШТАДОТ „ЧЕНТО“
Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“, вечерва (24 јули 2024) од 18.00 – 20.00 часот, ќе биде поставена на отворено, пред меморијалниот музеј „11 октомври 1941“ (Участок)
На 24 јули 1957 година почина Методија Андонов – Ченто. Изминаа 67 години од смртта на првиот претседател на президиумот на првото заседание на АСНОМ, голем борец, деец, политичар и визионер кој знаеше дека Македонија еден ден ќе стане независна и самостојна држава. По тој повод, воедно и по повод 80 годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ, каде беа донесени уставотворни одлуки и ставени темелите на македонската држава.
Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ која во изминатиот период беше поставена во 25 градови во Македонија, а интересот за истата не стивнува, па за таа цел, ќе биде поставена на отворено, пред меморијалниот музеј „11 октомври 1941“, местото од каде прилепските борци го започнале народното востание на македонскиот народ, преку кое е стекната државноста на Македонија, за која Ченто се бореше и ништо не можеше да го спречи во истрајноста да се дојди до целта.
Изложбата ќе биде поставена на 24 јули 2024 година од 18.00 – 20.00 часот и истата ќе биде тука и на 25 и 26 јули 2024 година. да изразиме почит кон Ченто и кон сите кои се вградија во темелите на независна и самостојна Македонија.