|

Нов плоштад пред куќата на Калеш Анѓа во село Старавина

Започнати се градежни активности на плоштадот кај куќата на Калеш Анѓа и црквата Пресвета Богородица во с. Старавина. Целта на овие активности се подобрување на инфраструктурата во мариовскиот крај и достапноста за туристите на природните, културните и историските знаменитости од Општина Новаци.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.



kukjata-na-kales-nagja-02

Калеш Анѓа претставува една од најопеаните народни хероини. Селото Старавина е нејзиното родното место.

Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера и да не се предаде на прилепскиот кадија.
Калеш Анѓа потекнувала од фамилијата Сирмевци, кои што живееле во ова маало, па кај локалното население оваа куќа е позната како „Куќата на Калеш Анѓа“

kukjata-na-kales-nagja-06

Калеш Анѓа била заробена на подмолен начин и нејзиното спасување од домот на кадијата, на некој начин претставува вовед во организирано востание против Отоманската империја или т.н. „Мариовска буна“ во 1564/65 година.
Населението во Мариово и пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат тврдината Пешта, лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода.
Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.

kukjata-na-kales-nagja-07


(Легендата за Калеш Анѓа е овековечена во истоимениот роман на Стале Попов. Куќата од каде што потекнува најубавата и надалеку позната мома од селото се уште гордо стои на оригиналните темели во Старавина.

Слични Објави