Општина Могила се раззелени
Општина Могила заедно со ЈКП Пела Хигиена се вклучија во одбележување на 21-ви Март, Денот на пролетта и екологијата.



На повеќе локации низ општината беа засадени дрвја и златна туја.
Исто така и во основните училишта во општина Могила се одбележа Денот на пролетта со расчистување и раззеленување на училишните дворови, засадување на сезонски цвеќиња и селектирање на отпад.
„Овие акции се значајни и инспирираат сите помасовно да се вклучиме за поубава и позелена животна средина. Секогаш да ги поддржуваме акциите за грижа за животната средина, бидејќи тоа е и обврска на секој од нас.“ – истакна градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски.
Овој ден е ден на младоста и потребата од здрава еколошка средина. Големото присуство на децата и младите радува, бидејќи тоа значи дека од мали нозе тие го прифатиле овој начин на размислување и живеење.