ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ ОД ОПШТИНА БИТОЛА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ
Општина Битола ја известува јавноста дека согласно потпишаниот договор за изведување на градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти – Дел 3 во тек е реализација на проектот за Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со ул. „Македонска фаланга“ до спој со новопроектирана ул. „Индустриски пат“).
Како дел од работните активности на овој проект, на 03.10.2024 година (четврток), делот помеѓу „Прогрес“ и „Идеал Шипка“, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање, кое ќе се изведува во текот на целиот ден.