Кои се пречките и како да се надминат кај девојките – нов проект на Од млади за млади Крушево
„Отстранување на бариерата: Подобрување на услугите за девојките” е нов проект на крушевската младинска организација Од млади за млади кој ќе вклучи девојки од општина Битола на возраст од 18 до 30 години. Активностите се однесуваат доминантно на девојките од руралните средини од овој регион и досега се одржа една обука, а во тек е истражување преку прашалник.
Линк до прашалникот: Прашалник за идентификување на бариери/пречки за девојките од руралните средини во општина Битола
Проектот е во рамки на „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост” проект спроведуван од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија”.



