|

ИЗБОР НА НАЈУБАВА ИВАНКА ЗА ИВАНДЕН

Традиционална манифестација, избор на најубава кукла-Иванка, во организација на Дом на култура “ДрагиТозија”-Ресен.

Оваа Преспанска традиција ќе биде одржана на празникот Иванден, 07.07.2025 година, во 10.00 часот, во дворот на ресенскиот Сарај.

Програмата ќе ја збогатат играорците од малата група, од КУД „Таше Милошевски“ Ресен, а за присутните ќе се послужи посно гравче.

Овој настан претставува живо сведоштво за зачувување на нашата традиција и обичаи, собирајќи различни генерации на еднo место.

Пријавување на кукли Иванки: телефонските броеви 078.343.035 и 047.232.579 најдоцна до 04.07.2025 година (петок).

Бидете и вие дел од оваа уникатна традиција на Преспанскиот регион.

Слични Објави