Доктор и двајца полицајци нападнати од пациент во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен осомничен кој на 29 јуни во казино во Битола нападнал доктор од Итната медицинска помош и двајца полициски службеници.

Според обвинителството, првичното насилство се случило при укажување на медицинска помош, кога осомничениот го удрил со тупаница докторот, нанесувајќи му телесна повреда. Потоа, бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде продолжил да дава отпор на здравствената грижа и бил агресивен, поради што била повикана полицијата.

По пристигнувањето на двајцата полициски службеници, осомничениот и нив ги нападнал – ги удирал повеќе пати и им се заканувал.

Обвинителството го товари за две кривични дела:

  • Напад врз здравствен работник и соработник при вршење здравствена дејност, по член 304-г од Законот за здравствена заштита
  • Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, по член 383 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител доставил предлог до судот за определување мерка притвор, со образложение дека постои опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Слични Објави