|

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА ПРАЗНУВАЊЕ НА 4 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ



Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.

Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод празнувањето на „4 ти Ноември“.

– музичка и музичко – сценска уметност

– театар

– ликовна уметност

– видео, фото, филмска уметност

– литература

– фолклор

– традиционални настани

– спортски настани

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е бруто износ од 900.000 денари.

Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10. – 10.11.2025.

Повеќе иформации за повикот објавени се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/4-noemvri/.

Слични Објави