Интервју со Катерина Чукалевска
Во интервјуто со Катерина Чукалевска – советник за развивање на проекти во општина Новаци, разговараме како и на кој начин ги информираат жителите од општината, каква е соработката и вклученоста во проекти со невладини организации и медиуми, транспарентноста и запазување на законските процедури за објавување на потребни документи и информации.
„Информацијата која е само споделена ја нема вистинската карактеристика, доколку не се добие повратен одговор од оние до кои сакаме да стигне, дали е позитивен или негативен и каква реакција ќе предизвика.“
„За нашата транспарентност и комуникација со населението, важно ни е се што работиме да објавуваме на фан страната од градоначалникот, на веб страната од општината, објавуваме електронски општински информатор.“
Според Закон за слободен пристап од информации од јавен карактер, општината е должна да да номинира лице, а и да ги постави потребните документи и информации на својата веб страна… Во видеото можете да погледнете како оваа рурална општина се грижи за транспарентноста и отчетноста.