| |

Битола домаќин на квалификациски натпревар за Светското првенство во ракомет за жени

Битола ќе биде домаќин на уште еден голем спортски натпревар.

Сениорската женска ракометна селекција на Македонија, во сабота, 12.04.2025 година, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2, односно квалификациите за светското провенство, против селекцијата на Полска.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Битолчани уште еднаш ќе имаат можност да гледаат ракомет од светски рамки и да ја покажат својата хуманост на дело.

Слични Објави