(ВИДО) Семејството на Тоше Проески со емотивен гест кон младиот математички талент Македон

Единаесетгодишниот математички гениј доби винил со најголемите хитови на Тоше Проески, а неговото семејство упати искрена благодарност за вниманието и честа.

Единаесетгодишниот Македон Димитровски, кој со своите успеси на домашните и меѓународните математички натпревари важи за еден од најперспективните млади математичари во Македонија, доби вреден и емотивен подарок од семејството на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Станува збор за винил-издание со најголемите хитови на Тоше – подарок што за семејството Димитровски претставува многу повеќе од музичка колекција.

По овој убав гест, таткото на Македон, Владимир Мakedон Димитровски, јавно се заблагодари преку социјалните мрежи.

„Од срце ви благодариме за прекрасниот подарок и за вниманието што ни го укажавте. Винилот со песните на Тоше за нас е многу повеќе од подарок – тој е спомен за еден голем човек, уметник и хуманист чие дело ќе живее вечно. Ви благодариме за оваа чест и за убавиот гест“, напиша тој.

Тоше Проески останува едно од најголемите музички имиња во Македонија и регионот, а неговото дело и хуманост продолжуваат да инспирираат нови генерации. Ваквите гестови се потврда дека неговото наследство живее преку луѓето што го чуваат неговиот спомен.

Македон Димитровски и понатаму реди успеси во светот на математиката, претставувајќи ја Македонија на најдобар можен начин. Подарокот од семејството Проески претставува уште едно признание и мотив за неговиот понатамошен развој

Слични Објави