| |

Ученици од ОУ„Кочо Рацин“-Прилеп ни одржаа час на сите. БРАВО!

УТРЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ И ТИ

На 13. Мај во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп, ученици од ОУ„Кочо Рацин“, изведоа авторска претстава на тема „Насилство“. Текстот го напишале сами и се погрижиле за сценографијата и костимите.

Повќе од 40 ученици застанаа на сцената и ни одиграа случки од животот низ кои видовме како домот, училиштето, дури и детските игралишта, доколку се токсични и нетолерантни, можат да наштетат на развојот на едно дете и потоа последиците да се страшни и долгорочни.

Ни кажаа дека не смееме да ги тераме да се чувствуваат недоволно добри, исто како што не смееме да им дозволиме да мислат дека е се дозволено и можат да им штетат на другите. Дека мораме да им ја посочиме разликата меѓу доброто и злото. Мораме да ги наградиме за секој вложен напор и постигнат резултат и да им предочиме дека секогаш кога ќе нанесат болка на некој друг, казната ќе ги стигне.

Ни кажаа дека не смееме да ги осудуваме другите поради нивната социјална состојба, а да ги цениме според нивната искреност и постапки.

На крај ни порачаа: НЕМА ЛОШИ ДЕЦА, ИМА ЛОШИ ПОСТАПКИ !

Да се надеваме дека ќе научиме нешто од вас и заедно ќе градиме свет во кој ќе има што е можно помалку лоши постапки ! БРАВО ДЕЧИЊА!

Слични Објави