Обединети под музичките бои на Македонија – музичко патување пред платото на Офицерски дом во Битола
Прекрасно музичко патување прозвучи пред платото на Офицерски дом во Битола, во организација на КИЦ Битола, со подршка на Општина Битола и БИТ ФЕСТ беа Премиерно претставени нови и необјавени музички материјали.
Обединети под музичките бои на Македонија, дел од нив и тесно поврзани со Битола,десетина познати и истакнати македонски музичари приредија незаборавно музичко доживување.
Проектот ,, Colors of Macedonia,, или Боите на Македонија ни ги пренесоа низ звуци, а на иницијатива на битолчаните Оливер Јосифовски, етаблиран контрабасист и композитор и основач на бендот ,,Љубојна,, и Исмаил Лумановски, виртуоз на кларинет.
На нивна покана заедно со нивните долгогодишни пријатели и музички соработници го создадоа несекојдневниот музички проект Colors of Macedonia во кој свој одраз и настап зедоа и Алек Секуловски – иноватор, професор и специјалист по тапани со богата музичка кариера кој живее и работи во Торонто, Давор Јордановски – композитор и клавијатурист кој исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров – перкусионист, кој моментално живее и настапува во Дубаи, Филип Динев – гитарист, живее и работи во Хамбург -Германија, и секако Вера Милошевска добро познат женски вокал.
Овој проект е подарок од нас за нашата преубава средина – истакна Јосифовски. Додавајќи – ,,Можеме да бидеме во Њујорк, на Антартик, на разни страни од светот, тоа е сликата на една современа Македонија, но тоа се луѓе кои ја носат и пласират музичката мисла. Тоа значи боите на Македонија,,