|

БК АС од Прилеп со три медали на Државното првенство

На 30-то поединечно Државно првенство во бокс, кое се одржа во Битола, боксерскиот клуб АС од Прилеп се истакна со одлични резултати, освојувајќи еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал.

Стефан Пупалески – златен медал во сениорска конкуренција.
Мартин Трајкоски – сребрен медал во кадетска конкуренција.
Влатко Димоски – бронзен медал во јуниорска конкуренција.

Ова е голем успех за клубот и уште една потврда за нивниот квалитет и посветеност. Честитки за боксерите и нивниот тим за постигнатите резултати!

Фото – Боксерски Клуб “АС” Прилеп 

Слични Објави