|

Градоначалникот ги објави долговите на Општина Долнени – Како Долнени дојде до долг од 142 милиони денари?

Градоначалнико на Општина Долнени јавно ги објави податоците за наследениот финансиски долг, кој заклучно со ноември 2025 година изнесува над 142 милиони денари. Информацијата ја соопшти градоначалникот на општината Блерим Ислами , кој преку објава на ФБ информираше дека во вкупниот износ се вклучени обврските на општината, образовните институции и јавното комунално претпријатие.



Во својата објава, градоначалникот истакнува дека транспарентноста е врвен приоритет и дека граѓаните заслужуваат целосен увид во реалната финансиска состојба:

„Транспарентноста е наш врвен приоритет. Затоа денеска ја споделуваме со вас реалната финансиска состојба во која се наоѓа нашата општина и комуналното претпријатие, заснована на најновите пресеци заклучно со ноември 2025 година.“

Тој посочува дека вкупниот евидентиран долг на Општина Долнени изнесува 36.780.733 денари, на училиштата 42.428.720 денари, додека долгот на Јавното комунално претпријатие надминува 63 милиони денари.

Дополнително, градоначалникот нагласува дека дел од обврските сè уште не се финално пресметани, бидејќи кај комуналното претпријатие не се вклучени каматите и извршните трошоци, а во општината продолжуваат да пристигнуваат фактури за стари обврски.

Според објавените податоци, вкупниот долг на сите институции изнесува 142.787.890 денари, односно приближно 2,3 милиони евра. Градоначалникот порачува дека и покрај сериозната состојба, локалната власт ќе работи на стабилизација на финансиската состојба и одговорно управување со јавните средства.

📢 Важно известување: Преглед на наследениот долг на Општина Долнени

„​Почитувани граѓани,

​Транспарентноста е наш врвен приоритет. Затоа, денеска ја споделуваме со вас реалната финансиска состојба во која се наоѓа нашата општина и комуналното претпријатие, заснована на најновите пресеци заклучно со ноември 2025 година.

📉 Финансиски обврски:

​Општина Долнени: 36.780.733 денари (вклучувајќи фактури, договори за струја и кредити).

​Училишта (Образование): 42.428.720 денари (износ кој вклучува и високи трошоци по извршни решенија).

​Јавно Комунално Претпријатие (ЈКП): 63.578.437 денари (долг кон оператори како ЕВН, Студенчица, Водовод и други).

⚠️ Важна забелешка:

Сакаме да нагласиме дека овие бројки не се финални. Долгот на комуналното претпријатие од над 63 милиони денари е прикажан без пресметани камати и извршни трошоци. Дополнително, во општината сè уште пристигнуваат нови фактури од економски оператори за претходни обврски.

📊 Вкупен долг (Општина + Училишта + ЈКП):

​Кога ќе се соберат сите тековни евидентирани обврски, вкупната сума изнесува:

142.787.890 денари ,

​Претворено во евра, овој долг изнесува приближно:

💶 2.321.754 Евра

​Ова е огромен товар за нашиот буџет, но граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. Посветени сме на одговорно работење и домаќинско управување со цел да ја стабилизираме состојбата и да обезбедиме развој за Долнени и покрај овие предизвици.“ стои во ојавата од градоначалникот

Слични Објави