(галерија) Книжевна вечер во „Борка Талески“ – трета донација од Руската амбасада
Во салата на ЈОУ Библиотека „Борка Талески“ вчера се одржа свеченост по повод третата донација на книги од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Библиотечниот фонд се збогати со над 30 наслови во повеќе примероци, претставувајќи современа и класична руска литература, како и дела од областа на културата и историјата.
Настанот беше збогатен со кратко предавање на Горјан Василевски на тема „Духовно-цивилизацискиот континуитет на Прилеп“, поетско читање на Филип Димкоски и музички точки.
Директорката на библиотеката, Андријана Ристеска, ги поздрави гостите и ја истакна важноста на оваа донација за локалната заедница. Меѓу присутните беа и градоначалникот Борче Јовчески и претставници на Македонската православна црква, кои ја поддржаа иницијативата.










