60 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МИЛТОН МАНАКИ
Денес се навршуваат 60 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. Во негова чест, на Влашките гробишта во Битола, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општината, како и други делегации, претставници на конзуларни претставници, вљубеници во филмската уметност и други гости.
Организатори на чествувањето се Кино – видео клуб ,,Студио Милтон Манаки ” од Битола и Комуната на Власите армните ,,Браќа Манаки”, со поддршка општината и градоначалникот.
Оддавањето почит кон Браќата Манаки, продолжи со проекција на филмови од фондот Манаки од страна на Кинотека, во Кино „Манаки“ во Битола.