|

Со изложба и фолклор започна Преспанскиот Јаболкобер 2025

Вечерва во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, со ликовната изложба „Низ четката на преспанските уметници“ официјално започна овогодинешниот Преспански Јаболкобер. Преспанските сликари пред публиката се претставија со свои дела инспирирани од природата и културното наследство на регионот.

Свечената вечер продолжи со настапи на фолклорни групи од земјава и странство. Гости од Република Хрватска – КУД „Анте Заниновиќ“ од Каштел Камбеловац – заедно со локалните ансамбли АФ „Кардешлик“ и КУД „Таше Милошевски“ со ора и кореографии го оживеаја градскиот плоштад во Ресен.

Со разновидната програма и богатата културна понуда беше означен големиот почеток на манифестацијата Преспански Јаболкобер 2025, која традиционално ја слави јаболката и преспанската традиција.

Слични Објави