|

ФК Рокдејл Илинден од Сиднеј собра 90.000 долари за помош на жртвите во Кочани

Фудбалскиот клуб Рокдејл Илиндeн на македонската заедница во Сиднеј соопшти дека заедно со своите партнерски организации и поддржувачки друштва успеале да соберат 87.100 долари за семејствата на жртвите и повредените во трагичниот пожар во Кочани.

Македонците од Австралија уште еднаш покажаа дека имаат големо срце и дека се тука да ѝ помогнат на татковинат од која доаѓаат.

„ФК Рокдејл Илинден со задоволство потврдува дека ние заедно со нашите партнерски партнери, вклучително и неколку друство, собравме 87,100 долари.

Сите средства ќе ги префрламе на номинираните поединечни банкарски сметки на семејствата на жртвите и повредените во трагичниот пожар во Кочани, Македонија.

Овој масовен напор немаше да биде возможен без прекрасната поддршка од голем број наши корпоративни партнери. Немаме намера да ги именуваме поединечно.

Исто така, бевме поддржани во нашето собирање средства и поздравивме значителен придонес од следниве поврзани организации,

· Australian Macedonian Association – Metodija Andonov – Cento, Sydney

· MKUD Ilinden – Sydney

· Mariovo Sydney

· Bankstown City Lions FC

Би сакале да им се заблагодариме на сите поддржувачи и членови кои присуствуваа на минатата недела и кои донираа за оваа вре

ФК Рокдејл Илинден упатува молитви и искрено сочувство до семејствата и најблиските на сите починати во овој трагичен настан. “ – стои во ФБ изјавата од ФК Рокдејл Илинден.

Слични Објави