Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши


Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година.

Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

Слични Објави