Мото Клуб „Рисови“ донира апарат на Детското одделение од прилепската болница

Мото Клуб „Рисови“, денеска донира апарат на Детското одделение од ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност во Прилеп.

Мото Клубот на почетокот од месецов пред многубројната публика, со позанти музички бендови и со одлична забава го прослави својот 15ти родендед.

„Срдечна благодарност до сите поддржувачи на Мото Клуб Рисови! Вашата поддршка не само што ни овозможува да се забавуваме и дружиме, туку и да реализираме важни хуманитарни акции. Со ваша помош, успеавме да донираме “ Капа за ЕЕГ за деца до 2 години” на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност во Прилеп, за Детското одделение.

Вашата поддршка значи многу за нас и за оние на кои им е потребна помош. Заедно продолжуваме да правиме позитивни промени!“ – Стои во известувањето од Мото Клубот Рисови

Слични Објави