ЕУ и УНЕСКО со поддршка за културата на најпосетената манифестација „Преспански јаболкобер“ во Ресен
Производите развиени преку проектот „Културни простори за сите“, поддржан од УНЕСКО, беа успешно претставени на најголемата и најпосетена општинска манифестација во регионот – „Преспански јаболкобер“, што се одржа на 27 септември 2025 година во Ресен.
Изложбениот простор на главниот плоштад беше централна точка за овие производи, кои привлечоа големо внимание од посетителите и учесниците. Тие го претставија креативниот потенцијал на локалните заедници и ја истакнаа улогата на културното наследство како двигател на одржлив развој.
Овогодинешниот „Јаболкобер“ понуди богата програма со културни претстави, изложби и интерактивни активности, со цел да се прикаже уникатниот идентитет на регионот Преспа. Настанот ги обедини производителите на јаболка, претставниците на деловната заедница, културните институции, организациите на граѓанското општество, како и гости од донаторски организации, централната власт и националните агенции.
Проектот „Културни простори за сите“ е дел од регионалната иницијатива „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансирана од Европската Унија и спроведувана со поддршка на УНЕСКО. Целта на оваа програма е да го поттикне дијалогот и да ја зајакне улогата на културните и креативните сектори во Западен Балкан за поголемо социо-економско влијание.



