Земјоделците од Пелагонија најавија блокада на патот Прилеп – Битола

Група незадоволни земјоделци најавуваат блокада на патниот правец Прилеп – Битола во понеделник, на 14 септември.

Според писменото известување доставено до надлежните институции, блокадата ќе започне во 10 часот, а ќе трае еден час. Земјоделците од Пелагонискиот регион со блокадата ќе го изразат своето незадоволство.

На протестот се очекува присуство на околу 500 луѓе, а како организатор е наведена група незадоволни земјоделци.

Причините и конкретните барања на земјоделците во доставеното известување не се прецизирани.

Слични Објави