Благодарници за донаторите за нивната хуманост и поддршка
Во пресрет на новогодишните празници, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, преку директорот на болницата, упати благодарност до сите досегашни донатори за нивната хуманост и поддршка. Со јавно доделување на благодарници, болницата ја изрази својата благодарност за значајниот придонес на овие донатори во подобрување на условите за пациентите.
Директорот Кире Јоноски истакна дека хуманоста на донаторите е од големо значење и додаде дека во 2025 година се надеваат дека нивната хуманост ќе биде пример за други компании кои ќе ја поддржат здравствената установа за создавање подобри услови за пациентите.
„Нека нивната хуманост во Новата 2025 година биде пример и за другите компании коишто се во можност да изразат хуманост за подобри услови на сите наши пациенти!
На нашите граѓани им посакуваме многу здравје во годината што е пред нас! Не заборавајте да се посветите на сопственото здравје, правете редовни прегледи а ние како здравствена установа ќе настојуваме секој од вас да добие квалитетна здравствена услуга.“ порача Јоноски
Среќна и бериќетна 2025 година!
Фото – JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп