|

(Видео) Меѓугенерациско дружење и заедничко учење – заедно го одбележавме Меѓународниот ден на старите лица во Центарот за активно стареење

Различни генерации, заеднички вредности – една приказна

По повод Меѓународниот ден на старите лица, во Центарот за активно стареење во Прилеп беше одбележан 1 Октомври преку заедничка, интерактивна и инспиративна средба со учениците и наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“.

Во рамките на средбата, учениците подготвија посебна активност за членовите на Центарот, со која внесоа позитивна енергија, креативност и многу насмевки. Настанот беше можност за дружење на различни генерации, споделување искуства и ставови, разговор и заедничко учење.

Посебен дел од средбата беше посветен на запознавањето со системот на социјална заштита, како и со правата и услугите што им се достапни на старите лица. Преку отворена и интерактивна дискусија, членовите на Центарот имаа можност да поставуваат прашања, да споделат лични искуства и да разговараат за можностите за поддршка и услугите што се достапни во локалната заедница.

Од Центарот за активно стареење упатија благодарност до учениците и наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ за нивната ангажираност, креативност и за убавата активност подготвена за членовите на Центарот.

Меѓугенерациските средби, како што беше истакнато, претставуваат значајна можност за поврзување на различните генерации, размена на знаења и искуства и градење заемно почитување и поддршка.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица во Центарот уште еднаш покажа дека активното учество, дружењето и меѓугенерациската соработка можат да придонесат кон создавање поинклузивна и поврзана заедница.

https://www.facebook.com/reel/1084297957909938

Слични Објави