Двајца прилепски боксери во рингот во Рим

Боксерскиот клуб АС Прилеп на 26 септември ќе биде дел од меѓународниот боксерски двомеч Италија – Македонија, кој ќе се одржи во Рим, Италија.

За прилепскиот клуб ќе настапат двајца млади боксери.

Давид Карапеев, државен шампион во категоријата до 75 килограми во U17 конкуренција, ќе боксува против Дарио Ангилети од Филиппела Бокс.

Влатко Димески, бронзен медалист од Државното првенство во категоријата до 70 килограми во U19 конкуренција, за противник ќе го има Кевин Морони од Фортитудо Бокс.

На меѓународниот настан ќе настапат и боксери од БК Куманово 84, БК Алексо Огненовски од Охрид и БК Фамилија Демирови од Штип.

За младите прилепски боксери, настапот во Рим ќе биде можност за ново меѓународно искуство и продолжување на нивниот спортски развој.

Карапеев и Димески во Рим ќе се обидат со добри борби да го претстават својот клуб и македонскиот бокс.

Слични Објави