Викендов во Прилеп Krali Marko Trails 2026

Организаторите на Krali Marko Trails 2026 ги објавија последните информации за сите учесници пред утрешниот старт на трките на падините на Марковите Кули.

🔢 Подигнување на стартни бројки

  • Сабота (07.03) од 16:00 до 20:00 часот
  • Недела (08.03) пред стартот на трките
    📍 Локација: Амфитеатарот во Варош

🏃 Стартни времиња – Недела (08.03)

  • 40K Камена Баба – 08:00 ч.
  • 23K Трескавец – 09:00 ч.
  • 13K Маркукуле – 10:00 ч.

🚻 Тоалети и пресоблекување
Нова локација на околу 400 метри од Амфитеатарот, во подрачното училиште „Блаже Конески“.
Учесниците треба да ги следат сините ленти кои водат до објектот.

🗺 Маркација на патеките
Патеките се обележани со розеви знаменца и патокази, додека ПВЦ ленти има само во првите и последните 300 метри.
Организаторите апелираат тркачите да внимаваат на раздвојувањето на дистанците.

🌤 Временска прогноза
Официјалната прогноза ќе биде објавена во петок или сабота, но засега се очекува идеално ранопролетно време за трчање.

🍺 Мерак на финиш
По трката, учесниците ќе ги очекува ладно пиво „Крали Марко“ и традиционално гравче подготвено во манастирот во живописното село Штавица.

Организаторите им посакуваат успешна трка и убаво искуство на сите учесници. 🏃‍♂️⛰️

Слични Објави