Ацевска со злато од „Џенова опен“ – одличен старт на сезоната за македонското џиу-џицу

Македонската џиу-џицу репрезентативка Катерина Ацевска ја отвори новата натпреварувачка сезона на најдобар можен начин, освојувајќи златен медал на гран-при турнирот „Џенова опен“ во Италија.



Ацевска беше слободна во првото коло, а веќе во второто коло прикажа доминантна борба против домашната натпреварувачка Федерика Маза, која ја совлада со ипон и убедливи 50-0. Во финалето, македонската репрезентативка повторно го покажа својот квалитет и ја победи Полјакињата Каја Орзечовска со 16-7, освојувајќи го златниот медал.

Со овој успех, Ацевска уште еднаш потврди дека припаѓа на светската елита во џиу-џицу фајтингот и ја продолжува серијата врвни резултати на меѓународната сцена.

Гран-при турнирот во Џенова важи за еден од најсилните во Европа, со вкупно 267 натпреварувач од 24 земји, што дополнително ја зголемува вредноста на освоениот златен медал.

Катерина Ацевска во ноември минатата година испиша историја за македонскиот џиу-џицу спорт, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Банког – прв сениорски медал за Македонија во оваа дисциплина, во категоријата над 70 килограми.

Слични Објави