|

„Прилепската златна кралица“ продефилира на карневалот во Шабац

Со маската „Прилепската златна кралица“, која освои награда на овогодишниот карневал „Прочка“, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп го претставија своето училиште и градот на карневалот во Шабац, Србија.

Карневалот се одржа на 19 септември, а учениците имаа можност повторно да продефилираат пред голем број посетители, заедно со учесници од повеќе држави.

Уште едно гостување на прилепските ученици на меѓународна карневалска сцена, овојпат со маската со која беа наградени на „Прочка“.

Слични Објави