| |

Нови игралишта во центарот и Типски – инвестиција од 8 милиони денари

Со средства во висина од околу 8 милиони денари, Општина Прилеп ќе изгради две нови детски игралишта кои се во рамки на Повикот за директна помош на општините од Владата на Република Македонија, преку Министерството за спорт.

Првото игралиште ќе биде лоцирано во самиот центар на градот, зад објектот Участак, додека второто ќе се изгради во населбата Типски. Станува збор за современи и безбедни простори за игра и развој на најмладите.

„Продолжуваме со инвестиции во детска инфраструктура, создавајќи услови за здрав раст и развој на децата, но и подобрување на урбаниот амбиент во сите делови на градот,“ соопштуваат од општината.

Во следниот период се очекува потпишување и на останатите договори за проекти поддржани од владините програми, кои ќе донесат дополнителен развој и унапредување на општината.

Слични Објави