|

Заврши големиот турнир „Прилеп 2025“ во табла: Триумф на Игор Гулабоски

Во организација на „Ебаго Таблаџии“ и „MyPlace Prilep“, изминатиот викенд, се одржа големиот турнир во табла „Прилеп 2025“, на кој учество зедоа вкупно 72 играчи, меѓу кои и четири дами. Организаторите изразија искрена благодарност до сите учесници и најавија дека следниот турнир ќе се одржи во втората половина на февруари 2026 година, со надеж дека женското учество ќе биде значително поголемо.



Настанот помина во извонредна атмосфера исполнета со дружење, нови пријателства и голема спортска борба.

Дуелот за третото место помеѓу Хари Чочев и Јован Шишкоски заврши со тесна победа од 7:6 за Чочев. Големото финале, кое понуди драматичен расплет, заврши со ист резултат 7:6, а победник беше Игор Гулабоски кој славеше над Кирил Нанчески.

Краен пласман:

🥇 Прво место – Игор Гулабоски
🥈 Второ место – Кирил Нанчески
🥉 Трето место – Хари Чочев

Организаторите доделија награди и за сите четвртфиналисти

Турнирот „Прилеп 2025“ уште еднаш потврди дека таблата има силна и посветена заедница во градот, а ентузијазмот на учесниците најавува уште поголеми и побогати изданија во иднина.

Слични Објави