Домот на културата во Демир Хисар разубавен со муралот “Книгите – паметници на македонското слово”
Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар од минатата недела е со разувабен лик со новиот мулурал.
Завршен е муралот насловен како “Книгите – паметници на македонското слово” кој ќе го краси северниот дел на Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар.
Муралот е дело на ликовниот уметник и професор по ликовна уметност Дијана Колонџоска и нејзини ученици – членови во ликовната секција во ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар и членови на ликовно творечките активности во СОУ “Крсте П. Мисирков”
Демир Хисар а е посветен на роднокрајните демирхисарски писатели кои со нивните дела допринесле за зачувување и афирмирање на македонското слово.
Нацртаниот мурал е во рамки на Манифестацијата “Цртај на македонски јазик” и е поддржан од Министерството за култура.