Отклучување на женскиот економски потенцијал
Finance Think вчера во Прилеп ги најавија активностите и акции од проктот „Отклучување на женскиот економски потенцијал – понатаму од родовите граници“, поддржан од British Embassy Skopje, чија цел е да се поттикне зголемување на продуктивноста на жените на работното место, преку внимателно-дизајнирана програма за вградување меки вештини. Акцијата ја спроведуваат во и со поддршка од компанијата Comfy Angel во Прилеп!
„За првпат, овој подвиг вклучува Рандомизиран Контролиран Обид, револуционерен метод каде учесниците случајно се распределуваат во различни групи за да се измери влијанието на интервенцијата и да се осигура највисокото ниво на научна прецизност!“ изјавија од организацијата.
„Ова е проект според наша иницијатива за зголемување на продуктивноста на трудот и зголемување на позитивното влијание на жената, како и зацврстување на нејзината улога во креирањето на подобра компанија за сите нас.
Со ова уште еднаш потврдуваме дека подобрувањето на животниот стандард на нашите вработени е еден од главните фокуси на креаторите на политиката на Комфи-Ангел кои искрено веруваат дека овој проект ќе вроди со зголемена продуктивност на ниво на компанијата, од една страна и изработка на нови методологии за вреднување на трудот кои што ќе придонесат и во понатамошни истражувачко-научни цели, од друга страна. На крајот ја користиме приликата да им се заблагодариме на нашите вработени коишто се директно вклучени во изработка на овој проект.“ – сподели на социјалните мрежи Comfy Angel.
Фото – Finance Think