Бесплатни работилници за личен и кариерен развој
Женскиот центар за поддршка во рамките на акцијата ЕсенскаТрансформација Организира серија бесплатни работилници за личен и кариерен развој. Заинтересираните можат да ги посетат работилниците во следните општини
29.11. 2023 – Битола
30.11.2023 – Могила
01.12.2023 – Новаци
во периодот од 10:00-16:00
Работилница на тема:
1. Женско претприемништво – како да започнам?
2. Во потрага по работа: како да ја одберам мојата идна професија и како најдобро да се претставам на интервју.
Не сите знаеме што сакаме да бидеме „кога ќе пораснеме“. Како да бидеме сигурни која е вистинската професија за нас? А дури и да сме сигурни, можеме ли добро да ја претставиме својата сигурност на интервју за работа?
На оваа работилница ќе добиете корисни совети и практики за насочување на вашиот кариерен пат и успешно претставување на пазарот на трудот.
Зграпчете ја оваа можност за учење, растење и поврзување со други моќни жени.
Сите сте добредојдени, ве очекуваме за заедно оваа есен да се трансформираме во подобри и поуспешни личности!
Придружете ни се на ова заедничко патување кое ќе Ви помогне новата година да ја започнете со нова слика за себеси и нови цели за својата иднина.
Стои во објавите од организаторот.