Прекинат штрајкот во ЈП за ПУП Прилеп – постигнат договор за редовни плати
Вработените во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање – Прилеп, кои три дена беа во штрајк поради нередовна исплата на платите, денеска го прекинаа штрајкот по постигнат договор со раководството на претпријатието.
Штрајкот траеше од 25 до 27 август, а причината за неговото организирање се милионските долгови кои средните училишта од Прилеп ги имаат кон претпријатието за извршени услуги, меѓу кои и превоз на ученици.
Договорот беше постигнат помеѓу единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности – СУТКОЗ и директорот на ЈП за ПУП Прилеп. Согласно спогодбата, додатоците на плата стануваат составен дел на бруто платата на вработените, а исплатата на платите ќе се врши редовно и во законски предвидениот рок..



