Туризмот ги зближува луѓето – 27 септември, Светски ден на туризмот (Видео)

Секогаш кога ќе го видиме зборот „туризам“, не асоцира на патување, одмарање и релаксирање.

На овој Светски ден на туризмот размислуваме за длабоката поврзаност меѓу туризмот и мирот. Одржливиот туризам може да ги трансформира заедниците со создавање на работни места, поттикнување на инклузивноста и зајакнување на локалните економии…

Во продолжение е порака на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, по повод Светскиот ден на туризмот, насловена: „Туризам и мир“

Светската туристичка организација на Обединетите нации го одбележува „Светскиот ден на туризмот“ од 1980 година и токму овој датум е одбран затоа што во 1970г. на 27 – ми септември се освоени Статутите на UNWTO (Светската туристичка организација) што се сметаат за пресвртница во глобалниот туризам. Целта на овој ден е да се подигне свеста за улогата на туризмот ширум светот и да се разбере колку е оваа гранка значајна на општествените, политичките, културните и економските вредности во секоја земја.

Светот не е ништо друго освен книга, а патувањето е најдобриот начин за читање на истата. Оние кои не патуваат, пропуштаат шанса да прочитат книга полна со авантури. Нека е честит Светскиот ден на туризмот.

Слични Објави