|

Доколку  сте биле оштетени од некој давател на финансиски услуги,  проблемот пријавете го во Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ)

Организација на потрошувачите на Македонија со информација и линк https://opm.org.mk/davateli-na-finansiski-uslugi/ од алатка која е направена и наменета за користење, со цел да ги претставите своите проблеми кои евентуално ги имате со давателите на финансиски услуги: банките, штедилниците, финансиските друштва, давателите на финансиски лизинг и  осигурителните компании.

„Доколку  сте биле оштетени од некој од наведените даватели на финансиски услуги,  преку  оваа онлајн алатка можете својот  проблем да го пријавите до  Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), а ние ќе се обидеме да го решиме по институционален пат.  Надлежните институции кои ќе ги контактираме за одделните даватели на финансиски услуги, а кои имаат овластувања  да вршат надзор над нивната работа се: Народна банка на Република Северна Македонија-НБРСМ (банките и штедилниците), Министерство за финансии (финансиски фруштва – брзи кредити и финансиски лизинг), Агенција за супервизија за осигурување-АСО (друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување) и Државен пазарен инспекторат-ДПИ (измамни реклами на финансиски производи и услуги за сите финансиски институции).

Во случај да се пријават  поголем број оштетени потрошувачи од еден ист давател на финансиски услуги со ист или сличен проблем ќе биде потребно да се поведе судска постапка со ваша согласност за ваше обештетеување. ОПМ е спремна да помогне при поведување на оваа постапка.

Ве молиме да ја користите оваа алтка со цел заеднички да помогнеме на голем број потрошувачи со спречување на одредено однесување на давателот на финансиска услуга. Доколку сме побројни и нашите права ќе бидат подобро заштитетни! “ – стои во информацијата која ја имаат споделено на нивниот ФБ Профил https://www.facebook.com/organizacijanapotrosuvacitenamakedonija

Слични Објави