До манастирот „Св. Илија“ во Крклино по нов асфалтиран пат
Жителите на битолското село Крклино добија нова сообраќајна врска до манастирот „Свети Илија“, откако беше извршена реконструкција на патот со нов асфалтен слој. Асфалтирани се вкупно 1.440 квадратни метри, на потег од 480 метри должина, што значително ќе ја подобри пристапноста до манастирот и ќе го олесни движењето на локалното население и посетителите.
Претходно, во селото се реконструираше дел од водоводната мрежа со нови приклучоци.
За реализација на овој проект се издвоени 3.210.426 денари од буџетот на општина Битола.
Заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојкоски и секретарот на општина Битола Борче Димитровски, извршија увид во градежните работи на терен.