Пуштена во употреба играта „Навигатор“
Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование, и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското здружение на млади правници, по повод Денот на човековите праваја пуштија во употреба онлајн играта „Навигатор“ – иновативна и образовна платформа која преку интерактивен и забавен пристап ги едуцира младите и јавноста за човековите права.
„Навигатор“ е онлајн игра која учесниците ги поведува на едукативно и возбудливо патување низ светот на човековите права. Европска конвенција за човековите права, дискриминација, трговија со луѓе, заштита на потрошувачите, азил и миграции, како и заштита на лични податоци.
Играта е наменета за сите граѓани на Македонија и ќе биде активна од 10 до 24 декември 2024 година. Преку интерактивен квиз, играчите ќе ги покажат своите знаења, ќе се натпреваруваат и ќе имаат можност да освојат вредни награди. Ќе имате можност да освоите ваучер за техничка опрема во вредност од 60.000 мкд. и специјални подароци од Делегацијата на Европската Унија, Обединетите Нации и амбасадите на земјите-членки на ЕУ.
Играта „Навигатор“ е достапна и се игра преку веб-страницата на Јуроп хаус navigator.europehouse.mk
Биди гласен за своите права! Но прво, добро запознај ги!
Извлекувањето ќе се одржи на 25 декември 2024 година, во 12:00 часот, преку транспарентен и анонимен процес
Играта е создадена и имплементирана во партнерство со канцеларијата на UN_MKМинистерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e ShkencësМакедонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association#GalacticOmnivor и амбасадите на земјите-членки на