|

Прилепчанецот Георги на светскиот врв – Златен медал на престижната „NEO Science Olympiad“ во Њујорк

Злато за Македонија од златното момче од Прилеп

Во периодот од 10 до 16 јуни 2025 година, Њујорк беше домаќин на финалето на меѓународната олимпијада „NEO Science Olympiad“, каде повеќе од 550 натпреварувачи од целиот свет ги одмерија силите во областа на науката. Во оваа реномирана научна авантура, Македонија беше претставувана од само еден учесник – кој успеа да се искачи на самото светско научно подиумско постолје.

Прилепшчанецот Георги Николоски, учествувајќи во категоријата природни науки (тест составен од задачи по физика, хемија и биологија), го освои првото место, носејќи ѝ го на Македонија златниот медал и покажувајќи дека и нашата земја може да биде прва и во конкуренција на најдобрите. Ова е голем успех не само за него лично, туку и за целата држава, која преку неговото учество доби силна потврда дека има таленти со светски капацитет.

„Чест ми е што ја имав оваа можност да ја претставувам Македонија и да покажам дека сме дел од глобалната научна сцена. Овој успех го посветувам на сите кои веруваа во мене, особено на моите родители, пријатели и роднини“, пишува Герорги на неговиот Фејсбук профил

Зад оваа победа стои и значителна поддршка од неколку општествено одговорни компании и институции, кои не само што финансиски помогнаа, туку и со својата доверба и охрабрување придонесоа овој сон да стане реалност.

  • ГенТерм – Gentherm Прилеп, глобален лидер во автомобилската индустрија;
  • Витаминка, симбол на традиција, квалитет и иновација во прехранбената индустрија;
  • Фондацијата д-р Пановски, поддржувач на стручниот и научен развој во фармацевтската сфера;
  • Пекара Антомос (Antomos) – со несекојдневен вкус и производи од врвен квалитет;
  • Фондацијата Заев, која несебично инвестира во младите и нивната иднина;
  • Општина Прилеп, која и овој пат покажа визија и поддршка за развојот на младите.

Овој настан не е само лична победа, туку и доказ дека вложувањето во младите, науката и знаењето секогаш носи резултати од кои сите можеме да се гордееме. Македонија беше, е и ќе остане дел од светската научна мапа.

Слични Објави