Во среда ќе се спроведе втората фаза од ларвицидната дезинсекција во Прилеп
На 29 јули 2026 година (среда), на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведе втората фаза од превентивната ларвицидна дезинсекција, со цел намалување на бројноста на комарците уште во нивната ларвена фаза.
Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ – Центар за јавно здравје Скопје, додека стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ – Центар за јавно здравје Прилеп.
Со третманот ќе бидат опфатени околу 30 хектари површини со стоечки води и потенцијални жаришта за развој на комарци, меѓу кои се бари, мочуришта, фонтани, одводни канали, градската река и други водени површини.
Ларвицидната дезинсекција претставува превентивна мерка со која се уништуваат ларвените форми на комарците пред нивното развивање, со што се намалува нивната бројност и се придонесува кон подобра заштита на јавното здравје и поздрава животна средина.


