Дневен ред за 63-та седница на Советот на Општина Прилеп

63-та седница на Советот на Општина Прилеп која ќе се одржи на ден 10.07.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала во новата општинска зграда, со следниот предлог на:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година.
  2. Предлог-План за измена и дополнување на План на развојни програми на Опшина Прилеп за период 2025-2027 година.
  3. Предлог-Одлука за определување на локалитет за организирање на манифестацијата Пиво фестивал 2025.
  4. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на манифестацијата Пиво фестивал 2025 година.
  5. Предлог-Заклучок – Изјава дека Општина Прилеп ги исполнува условите.
  6. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутарната одлука на ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп.
  7. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2026 година, на ООУ “Кирил и Методиј”с. Канатларци-Прилеп.
  8. Предлог-Одлука за утврдување на реоните за опфаќање на учениците во основните училишта во Општина Прилеп.

Слични Објави