Со 700.000 денари од буџетот, Новаци го уреди манастирскиот двор во Тепавци
Во село Тепавци, општина Новаци, завршени се работите на поплочување на дворот на манастирот „Св. Архангел Михаил“. Со оваа активност е уредена површина од 400 метри квадратни со бехатон плочки.
Средствата за реализација на градежните зафати, во висина од околу 700.000 денари, се обезбедени од буџетот на Општина Новаци.
Според општинските претставници, со овој зафат се подобрува изгледот и функционалноста на просторот околу верскиот објект, што ќе овозможи полесен пристап и подобри услови за посетителите и организирање на верски настани.
„Како општина, ќе продолжиме да поддржуваме проекти поврзани со одржување и уредување на објекти од верско и културно значење на нашата територија,“ изјави Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци



