| |

Општина Ресен бара предлози од граѓаните…

Општина Ресен бара предлози од граѓаните: Почитувани сограѓани, месни заедници, невладини организации, правни лица, здруженија..

„На ден 15.11.2024 (Петок) со почеток во 19:00 часот во големата сала на Општина Ресен, Ве повикуваме на консултативен состанок со предлози и идеи да го креираме буџетот на Општина Ресен за 2025 година.“

Буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во заедницата и начинот на нивно решавање.

Целта е да се поттикнат граѓаните да земат учество во развојот на заедницата на локално ниво, нивно вклучување во управувањето и создавање и унапредување на капацитетите преку создавање на локални партнерства за подобрување на социо-економските услови во општината.

На овој начин се овозможува транспаретна распределба на средствата на општинскиот буџет, преку вклучување на потребите во развојните планови на општинскиот буџет.

Слични Објави