КРИЗНИОТ ШТАБ СО НОВИ ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА НАЈАВЕНИТЕ ВРНЕЖИ
Во Општина Битола денес се одржа уште една работна координација на Кризниот штаб, со која раководеше претседателот на Советот, Бојан Бојкоски. На состанокот се споделија информации за вчерашните интервенции на терен, како и за активностите што ги спроведоа дежурните екипи во текот на ноќта.
Екипите и понатаму работат континуирано на расчистување на критичните локации, со ангажирана механизација, особено во пресрет на најавените врнежи за време на викендот.
На средбата присуствуваа директорите на јавните претпријатија, координаторите на советничките групи, претставници од ЈП „Стрежево“, Водостопанство, ЦУК, ДЗС, СВР, како и претставници на компании и градежни фирми кои, во рамките на својата општествена одговорност, ставија сопствена механизација и работна сила на располагање за навремена реакција на терен.



