Директор на основно училиште преку мобилна апликација вршел притисок врз вработени да присуствуваат на партиски настани



На 23-та седница, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) разгледуваше повеќе предмети поврзани со тековниот изборен процес и можни злоупотреби на службена положба.

Меѓу разгледаните случаи, беше и пријава против директор на основно училиште кој, според наводите, преку мобилна апликација вршел притисок врз вработените со цел да присуствуваат на партиски собири. Дополнително, тој наводно се заканувал дека вработените кои се ангажирани преку договор на дело нема да добијат продолжување на договорите доколку одбијат да се појават на настаните.

ДКСК ја проследила пријавата до надлежната Комисија за следење на нерегуларности во изборниот процес, како и до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за понатамошно постапување.

Слични Објави