Обновување на зелениот појас и реконструкција на мостот во „Димо Наредникот“

Бројни се забелешките кои жителите на урбаните заедници Корзо и Бончејца ги упатуваат на адреса на актуелната локална власт: валкани и ископани улици, узурпирани тротоари, запуштени паркови, темни улици…

Она коешто е предвидено во програмата на нашата кандидатка за градоначалник Петра Лукароска, а кое соодветствува со барањата на жителите од овие урбани заедници, е асфалтирање на просторот околу зградите „Бончејца“ и санирање на проблемот со атмосферската канализација кај детската градинката, уредување на тротоари на улица „Бидимаж“, обновување на зелениот појас и реконструкција на мостот во „Димо Наредникот“, но и проблемот кој ги засега сите граѓани на Прилеп, посебно спортистите и спортските клубови – ставање во функција на спортската сала „Македонија“.

Се грижиме за секоја урбана заедница и секое населено место. – изјавуваат од СДСМ Прилеп

Слични Објави