Мобилна амбуланта за бесплатен скрининг за детектирање на болести на црн дроб
Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола” почна заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.
Мобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се организира по повод одбележување на Светскиот ден на црниот дроб.
Мобилната екипа, досега посети неколку градови. Во следниот период ќе продолжи во Струга, Охрид, Битола и Кавадарци.
05.08.2024 – Струга и Охрид
– Струга (Градски Плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Охрид (Градски Плоштад)
– 17:30 – 19:30
06.08.2024 – Битола и Кавадарци
Битола (Градски плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Кавадарци (Градски Плоштад)
– 17:30 – 19:30